Фер шанса за секој млад човек за живот во Македонија

од Vladimir Zorba

 

Денеска сме во Делчево, да ги слушнеме маките и проблемите на младите што се останати тука.

delcevo1

Многу од нивните другари се веќе заминати во странство а и тие самите излезот го гледаат надвор од нашата држава бидејќи тука не можат да најдат работа.

Ние сме решени да ги задржиме овде, во Македонија. Затоа испланиравме повеќе активни мерки.

Младите кои ќе имаат добра идеја за сопствен бизнис ќе добијат 10.000 евра неповратни пари – помош од државата.

Ќе дозволиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал.

Ќе отвориме и старт-ап центри во коишто државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за новите компании во првите две години, кога им е најпотребна. Ќе добијат бесплатно одржување, архива и сметководство за да можат да се фокусираат на градење на бизнисот.

 

Слични содржини