Ферги ја „среди“ американската химна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во неделата, 18 февруари, во САД се одржа еден од најголемите спортски настани – натпреварот на ѕвездите, кој секоја година ги собира најдобрите кошаркари во НБА и ги прави соиграчи.

Пред секој таков настан се вклучува музичка ѕвезда, одговорна за исполнување на химната. Оваа година честа и беше доверена на Ферги, но нејзината изведба сигурно не беше најдобра.

Првите реакции дојдоа од играчите на паркетот, од кои некои се пукнаа од смеа.

Пред TMZ, Ферги изјави дека за неа секогаш било голема чест и гордост да ја исполнува националната химна и сакала да проба нешто различно за натпреварот на ѕвездите. Очигледно, овој настап не беше нејзин најдобар, но таа се обиде да ја испее најдобро што може.

Во студиото, исто така останаа малку збунети, особено Чарлс Баркли.

Во одбрана на Ферги сепак се најде Шекил О’Нил, кој рече дека претставата била различна и секси.

Слични содржини