Фетаи: Осомничената купувала долна облека за 500 евра

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство презентираше четири нови истраги, сите за финансиски крминал.

ivona_talevska_1-1

– Четвртата отворена истрага, која ќе ја препознавате под името „Тифани“ опфаќа дејствие на извршување на едно продолжено кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 в.в. со став 1 од Кривичниот законик, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на физичко лице како сопственик, управител и единствен овластен потписник на сметката Друштво за комуникации и консалтниг Смарт Центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје и единствен овластен потписник на сметката на Друштвото за маркетинг и пропаганда Смарт Груп ДООЕЛ Скопје – рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Според прес конференција на Петре Шилегов од СДСМ од пред 3 години, сопственик/содружник во фирмата „СМАРТ КОМЈУНИКЕЈШНС ДООЕЛ“ Скопје е мајката на Ивона Талевска, Лимба.

Еве што кажа Фетаи на пресот:

Имено, од доказите произлегува основано сомнение дека осомничената за даночните години 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и  2014 со намера таа и правните лица да одбегнат делумно плаќање на даноци, во книговодствената евиденција на друштвата, завршните сметки и даночните пријави давала лажни податоци за фактите од влијание за утврдување на износот на даночните обврски кои биле должни да ги платат, со што споменатите правни лица за наведените даночни години одбегнале да платат даночни обврски во значителен износ од 2.314.463 денари или 37.634 евра а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во значителен  износ од 1.040.840 или 16.924 евра.

Доказниот материјал упатува на основано сомнение дека за даночните 2008 – 2014 осомничената како управител на наведените правни лица, ја намалила основицата за пресметување на данок на добивка, го злоупотребила правото на одбивка на данок на додадена вредност и не пријавила лични приходи, кои задолжително се пријавуваат согласно Законот за персонален данок од доход.

 Имено, постои основано сомнение дека осомничената ги користела правните лица како параван и всушност набавката на стока и услуги за себе, го евидентирала како набавка за правните лица, иако истите воопшто немале вработени за вршење на дејноста и за користење на опремата која ја набавувала.

Таквите средства во книговодството ги евидентирала како основни средства, опрема, тековни трошоци, со што ја намалила основицата за пресметување на данокот на добивка. На ваквите расходи, кои не се признаваат согласно законот, бидејќи не се употребени  за дејноста на друштвата, и се работи за лични потреби, осомничената го злоупотребила и правото на одбиток на влезниот ДДВ и ја намалила обврската и по тој основ.

Од доказите произлегува и дека износот за кој се набавени добра и се примени услуги, кои фактички биле употребени за лични потреби и согласно Законот за персонален данок од доход претставуваат нејзини лични примања, осомничената не ги пријавила во годишната даночна пријава за тој данок и со тоа ја одбегнала и таквата даночна обврска.

За да биде појасно осомничената, која е управител и овластен потписник на  споменатите правни лица,  преку овие правни лица вршела набавки за себе лично, а затоа ќе Ви наведам во неколку примери од асортиманот кој е купуван, наводно за правните лица:

долна облека за 500 евра;

  • облека, здолништа ,чевли, ташни, ремени  060.728,00    (33.508  евра)
  • очила, шминки, пудри                                        030,00     (1.009, евра)

Врвно дизајнирани и високо квалитетни кујнски

садови и декоративни предмети                                  287,352,00     (4,672,00 евра)

  • точаци              046,00       ( 521,00 евра)
  • сигурносна врата                                                  600,00        (1,571,00 евра)

Со овие дејствија, како што наведов постои основано сомнение дека за правните лица осомничената одбегнала даночни одбврски во вкупен значителен износ од 2.314.463,00 денари или 37.634. евра, а за себе самата одбегнала даночни обврски во вкупен значителен износ од од 1.040.840,00 или 16.924 евра.

Слични содржини