Фетаи побара притвор за обвинет во „Шлаканиците”, затоа што ларингит не е оправдание за отсуство

од desk2

Обвинетиот Милан Андоновски денеска не дојде во судот на рочиште за случајот „Насилство во Центар“, а неговиот адвокат Димитар Дангов појасни дека утрово обвинетиот му се јавил по телефон и му рекол дека отворил боледување од две недели. Боледувањето е со датум од 9 март и трае 14 дена, а било потпишано од матичен лекар, по претходен преглед кај специјалист за уво, нос и грло.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи рече дека обвинетиот три пати досега отсуствува од судења. Еднаш не се појавил, иако бил уредно повикан. Вторпат бил болен, а сега повторно отворил боледување.
„Барам притвор за Андоновски. Тоа е единствениот механизам за обезбезбедување присуство. Обвинетиот одбегнува да дојде на судење“, рече Фетаи.

Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека во судот нема да копаат нива, и дека ларингитис имаат повеќе од половина од присутните во судницата. „Обвинетиот не го почитува судот и затоа мора да се обезбеди присуство. Се прави одолговлекување на постапката на секој можен начин. Можеле да извадат некое поприфатливо лекарско образложение“, рече Бубевски.

Адвокатот на Андоновски побара судот да го почитува правото на здравје. Судијата и’ го одби барањето на Фетаи, бидејќи имал уреден лекарски извештај и му било препорачано мирување. Судењето е одложено за 3 април.

Слични содржини