Фетел најбрз на утринските тренинзи

од desk2

Утрово се одржаа првите тестирања во Барселона пред новата сезона во Формула 1, а возачот на Ферари, Себастијан Фетел беше најбрз, со што се закани дека оваа сезона ќе се бори за титулата.

Најголем губитник на денешното тестирање беше Фернандо Алонсо, на кого му течеше масло уште по првиот круг и не го продолжи тестот, а слично помина и Даниел Рикардо кој со неговиот Ред Бул извози само четири круга.

Себастијан Фетел го оствари најбрзото време од 1:22.791, што беше повеќе од три десетинки подобро од Мерцедесот на Валтери Ботас.

Трет на утринските тестови беше Серхио Перез од Форс Индија со скоро секунда заостанување, додека останатите беа многу побавни.

Ферари и Мерцедес извозија најмногу кругови и изгледаат најспремни за новата сезона, но сепак се уште е рано за било какви прогнози.

Тестирањето продолжува денеска попладне и во следните три дена.

Слични содржини