Фетхуллах Гулен: Турција е земја која веќе не можам да ја препознам

од Vladimir Zorba

По неуспешниот обид за државен удар илјади Турци беа уапсени, а апсењата и не запираат.

Денес во Белата куќа ќе се состанат претседателот на САД, каде што живеам од дваесет години и претседателот на мојата земја Турција.

Меѓу САД и Турција има многу заеднички теми како борбата со ИДИЛ, иднината на Сирија и бегалската криза. Но Турција, која некогаш дишеше  со надеж на патот на градењето на демократијата и афирмацијата на едно умерено разбирање за секуларна држава, стана непрепознатлив страна во рацете на еден претседател кој прави се што е можно за да ја концентрира целата моќ во себе и за да ја стави опозицијата на колена. Западот треба да и  помогне на Турција, за да се врати повторно кон демократскиот курс. Денешната средба, како и самитот на НАТО, кој ќе се организира следната недела, треба да се оцени како можност во оваа насока.

Минатата година по осудувањето  за обид за воен удар на 15 јули Ердоган започна една безмилосна кампања против невини луѓе. Заедно со Курдите, алевитите, световниот настроените лица, лицата со левичарски убедувања, новинарите, академиските средини или следбениците на мирното и хуманистичко движење “Хизмет”, со кои сум поврзан  и животот на над триста илјади турски граѓани беа  уништени преку апсења, притвори, иселување од работа, како и на други начини. Кога се дозна за иницијативата за превратот јас го осудив ова дело и категорично ги отфрлијв обвинувањата на моја адреса откако овој чин ми беше припишуван.

Освен тоа изјавив дека кој учествувал во превратот значи ги предал моите идеали. И покрај сè, без да има докази Ердоган ме обвини во планирање на превратот на  5 илјадници милји далеку од него .

Следниот ден Владата подготви списоци со имињата на илјадници луѓе, поврзувајќи ги со движењето “Хизмет” било поради отворање на сметка во одредена банка, било поради настава во дадено училиште или за објавување на статии во некој весник. Тие дејствуваа така како слични линкови  да се сметаат за вина и почнаа да им го оцрнуваат животот на овие луѓе. Во списоците фигурираат и лица кои починале одамна, како и такви кои во тоа време беа на служба во седиштето на НАТО во Европа. Меѓународните набљудувачи регистрираа безброј случаи на киднапирања, на тортура и смртни случаи во апсењата. Владата на Ердоган започна да следи невини луѓе и во други земји. На пример на Малезија беше изврши притисок за враќање на тројца симпатизери на “Хизмет”, вклучувајќи и еден училишен директоркој  работи таму од петнаесет години и никако нема да се огласи како пророштво, ако кажеме дека во Турција овие луѓе ги чека затвор и најверојатна тортура.

Во април на референдум, за кој се појавија сериозни тврдења за злоупотреби претседателот етаблира една раководен  систем кој му овозможува да ги контролираат и трите власти во државата. Впрочем тој во голема мера ги контролираше преку нарушувања и разрешување. Во виорот на новата етапа на овој авторитаризам чувствувам сериозни грижи за турскиот народ.

Всушност тие не започнаа така. Во 2002 година, Партијата на правдата и развојот (АКП) дојде на власт ветувајќи демократски реформи, насочени кон членството во Европската унија. Со текот на времето, сепак Ердоган започна да пројавува нетрпеливост кон опозициската мисла. Преку контролните органи на државата тој обезбеди трансфер на бројни медиуми на луѓе од неговото опкружување. Во летото 2013-та година,ги  смири насилно демонстрациите во паркот Гези. Кога во декември (17 декември 2013) членови од неговиот кабинет беа испитани за корупција во особено големи димензии, тој одговори на тоа дека  извршил притисок врз правосудството и медиумите.

Вонредната состојба што беше најавено како “привремена” по 15 јули минатата година се уште е на сила.

“Амнести интернешенел” соопшти дека една третина од сите уапсени новинари во светот се наоѓаат во турските затвори. Суровоста на Ердоган кон сопствениот народ веќе не е само внатрешен проблем на Турција. Малтретирање спрема невладините организации, новинарите, академици и граѓаните од курдско потекло стана закана за стабилноста на земјата во среднорочна перспектива.

Моментално режимот на АКП доведе до длабока поларизација во општеството. Додека отвора раце за радикални елементи кои го сметаат насилството за нешто нормално, од друга страна, се претвора во диктаторски режим, ги бутка Курдите кон безнадежност.

Турција ќе биде кошмар за безбедноста на Блискиот Исток.

За да може повторно да застане на нозе демократијата си турскиот народ има потреба од поддршката на европските сојузници и САД. За да може да стане членка на НАТО во 1950 година Турција премина кон повеќепартиски систем во вистинска смисла на зборот. НАТО може и треба да бара од Турција да ги почитува демократските норми наметнати од Алијансата. За да се обрне потегот на заостатокот на Турција на патот на демократијата, има потреба од иницијатива на две клучни теми. Прво, да се изработи една граѓански устав со учество на сите општествени слоеви, прилагодена на меѓународните правни и човечки норми и извлекување поука од најуспешните примери на долг опстој  на западни демократии.

По референдумот Ердоган создаде претседателска република од турски тип

Второ, треба да се изработи наставна програма која ги охрабрува демократското размислување и овозможува да се водат дискусии за вредностите на демократијата и плурализмот. Секој студент треба да знае дека државната власт се балансира со индивидуалните човекови права дека има поделба на властите дека судот е независен орган, да знае зошто е важна медиумската слобода, како и да знае дека крајниот национализам, политизацијата на религијата  на државата или некој државен лидер крие големи опасности. Но, пред тоа турската влада треба да престане да врши притисок врз сопствениот народ и да му ги гази правата , како и да се надоместат  оштетените граѓани. Веројатно мојот живот нема да стигне да видам како Турција е сочена како пример за демократија во светот, но се молам таа да се спаси од вртлогот на авторитаризмот во кој сега се наоѓа . Се молам да се случи пред да биде предоцна.

————–

Фетхуллах Гулен, “Вашингтон пост”.

Слични содржини