Фиат Крајслер користела забранет софтвер за регулирање на емисијата на штетни гасови во своите возила

од Vladimir Zorba

Компанијата „Фиат Крајслер“ се сомничи дека не пријавила софтвер за регулирање на емисијата на штетни гасови во илјадници дизел возила.

Американската Агенција за заштита на околината соопшти софтверот кој бил инсталиран во овие возила резултирал со повисоко ниво на азотни оксиди.

Американската наведува дека компанијата го прекршила законот со тоа што ја инсталирала оваа технологија на повеќе од 100.000 возила од марката „Џип“ и „Доџ“ во Соединетите Американски Држави.

Во соопштението се наведува дека компанијата одговорила на обвинувањата и оти ќе даде повеќе информации за техонологијата која ја користи за контрола на емисија на гасовите.

Ваков софтвер „Фиат Крајслер“ користела во возила произведени од 2014 до 2016 година.

Слични содржини