FIBA
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) не ја признава АБА лигата во оваа форма, објавено е на сајтот на оваа органзиација.

Извршниот комитет на ФИБА на состанокот во Париз расправал по однос на одговорите добиени од 14 национални федерации. Утврдено е дека федерациите направиле се да го решат проблемот со ФИБА.

Извршниот комитет на ФИБА нов состанок ќе има на 14 мај, а најпрвин ќе треба да биде одржан состанок меѓу Евролигата и ФИБА во Минхен.

АБА лигата има потпишано договор на три години со Евролигата според кој има загарантирано место во Евролигата и три во Еврокупот. /МИА

Слични содржини