„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен

од Vladimir Zorba

– Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ССС (латински букви) на В -, пренесоа американските медиуми.

И покрај зголемувањето на кредитниот рејтинг грчките обврзници остануваат доста под инвестициското ниво.

Перспективите за грчката економија се оценуваат како позитивни и се очекува преговорите со меѓународните кредитори да бидат завршени „без да се создава нестабилност“.

„Фич“ дополнува дека останатите земји од еврозоната веројатно идната година на Грција ќе и овозможат значително олеснување на долгот. Тоа ќе го стимулира пазарот и на земјата ќе и помогне да си обезбеди директно финансирање преку емитување обврзници, откако на крајот на оваа година ќе заврши спасувачката програма.

Политичката ситуација во Грција е стабилизирана и има „ограничен“ ризик идната влада да го сврти курсот на штедење и реформи.

Слични содржини