“Фигаро”: Од големата петорка остана само Меркел

од Vladimir Zorba

Оваа слика го илустрира степенот до кој 2016 година беше година на големи политички промени и турбуленции

1480961421-11
Барак Обама, Матео Ренци, Дејвид Камерон, Франсоа Оланд и Ангела Меркел – овие петмина лидери се собраа на 25 април оваа година во Хановер на неформален состанок за бројни актуелни теми како бегалската криза и војната во Сирија.

Сликата од оваа средба ги обиколи тогаш медиумите и сајтовите ширум светот. Седум месеци подоцна таа повторно е распространета од медиумите и социјалните мрежи низ целиот свет, придружена со насловот: “Од петмината остана само еден”, пишува францускиот весник. “Фигаро”.

Барак Обама го завршува својот втор претседателски мандат во САД и сметаше за негов логичен наследник дека ќе биде Хилари Клинтон, но која беше поразена на претседателските избори во ноември од Доналд Трамп.

Британскиот премиер Дејвид Камерон се повлече од функцијата на почетокот на летото поради поддршката за Брекзитот изразена од Британците на референдумот на 23 јуни.

Францускиот претседател Франсоа Оланд објавиа на крајот на минатата седмица дека нема да се кандидира за реизбор, во момент кога поради серија непопуларни реформи на неговата влада рејтингот му е доста низок.

Италијанскиот премиер Матео Ренци рече дека се повлекува откако Италијанците го отфрлија на референдум за промените во уставот, кој требаше да го ограничи составот и надлежностите на Сенатот, горниот дом на парламентот.

Сето ова значи дека од петмината лидери од сликата во 2017 година на власт останува само Ангела Меркел, која неодамна објави дека ќе се кандидира за четврти канцлерски мандат во Германија на парламентарните избори во земјата следната година.

Сликата на петмината лидери, четворица од нив се повлекоа или веќе поднесоа оставка, го илустрира степенот до кој 2016 година беше година на големи политички промени и потреси, забележуваат аналитичарите.

Слични содржини