Филипинскиот претседател ѝ нареди на полицијата да го убие неговиот најстар син

од desk2

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, познат по својата строга политика кон наркотиците, во својот говор во средата рекол дека и наредил на полицијата да убие било кој од неговите деца ако се докаже дека се поврзани со трговија со дрога.


„Наредив да те убијат ако те фатат со дрога и лично ќе ги заштитам полицајците“, порачал Родриго Дутерте на својот најстар син, 42-годишноит Паоло Дутерте, инаку заменик-градоначалник на градот Давао на југот на земјата.

Паоло, познат и како Пулонг, е обвинет во текот на сослушувањето во филипинскиот Сенат на 7 септември дека е член на тријадата во кинескиот транснационален синдикат на организиран криминал. Паоло Дутерте негираше се, велејќи дека обвиненијата се неосновани и дека се гласини.


Во говорот пред работниците во Манила претседателот Дутерте рече: „Ако се докаже дека кое било од моите деца е поврзано со трговија со дрога полицијата може да ги убие за луѓето да не може да речат ништо против мене.“

„Така е подобро… па ќе можам да им речам: Само вие зборувајте, таму ви е лешот на мојот син“, рече Дутерте.

Откако минатата година ја презеде должноста на претседател во борба против дрогата убиени се повеќе од 9.000 лица, меѓу кои и неколку градоначалници и локални политичари.

Движењата за човекови права велат дека ваквата политика може да претставува и злосторство против човештвото, а го осудија и Обединетите народи, САД и другите западни сили.

На почетокот на септември во филипинскиот Сенат опозиционерот Антонио Триланес, поранешен офицер во морнарицата, го обвини Паоло Дутерте дека учествувал во операции на тријадата во кои повеќе од тон кристален метамфетамин брзо поминал низ филипинската царина и пратен е во Кина.

Слични содржини