Филмот за „Лајбах“ во Северна Кореја за затворањето на Скопје филм фестивал

од Vladimir Zorba

 

Во рамките на на годинешната програма на Скопје филм фестивал, денеска, 27 април, работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево.Работилницата  се одржува   во Кинотека на Македонија

Работилницата се состои од три сегменти:: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен edutainment и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор

Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови.

Вчера вечер дел од фестивалската програма беа две премиери на новите македонски краткометражни играни филмови во продукција на „Круг“.

Публиката во киното „Фросина“ ги виде „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со актерите Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и  Роберт Ристов. По проекциите од името на двете филмски екипи на публиката за поддршката и на учесниците за професионалноста им се заблагодари режисерката Ана Јакимска.

Утревечер (петок 28 април) со уште неколку извонредни филмски остварувања заврушува годинешното 20. јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Ве покануваме да го проследите и последниот фестивалски ден.

 

 

 

Слични содржини