Финишираат списоците за директори – најжестока битката за Телеком

од Vladimir Zorba

Финишираат списоците со имињата кои ќе бидат новите директори на државните институции и претпријатија. Според сознанијата на ТВ 24 , коалиционите партнери успеале да ги усогласат предлозите за поголемиот дел од институциите. Поделени се директорските фотељи во речиси сите битни претпријатија.

Во моментот има жестока битка само за директорската позиција во Телеком, но и преголеми барања од страна на Алијансата за албанците, која бара повеќе од две директорски места.

Според извори на ТВ 24 директорското место во Царинa оди кај СДСМ. На оваа позиција  опција e Игор Милев, член на Државната изборна комисија, но сепак, за него се споменуваат и други позици, па неизвесно е за која од ќе падне конечната одлука…Милев во ДИК пак треба да го замени Викторија Аврамовска Медиќ која во моментот работи во Кабинетот на претседателот Иванов.

 За прв човек на ЕЛЕМ, се уште е во игра е Србинот Александар Обрадовиќ, но сепак оваа позција за него е неизвесна поради притисокот во јавноста каде тој се најде на удар заради начинот на кој раководел со српското електростопанство. За Обрадовиќ неодамна имаше процедура за издавање на македонско државјанство.

Директор на ЈП Македонски шуми ќе биде Зоран Горгиев кој е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Кавадарци.

Исти личности за споменуваат за повеќе позиции. Изворите на ТВ24 велат дека иако списоците се речиси готови се до конечното назначување се можни промени и сите опции се отворени.

Денеска почна голем бран на назначувања на веде директори во институциите каде што нема управни и надзорни одбори. За веде директор на Драмски театар во Скопје е назначен актерот Сашо Тасевски, актерот Александар Велјановски е новиот веде на Народниот Театар во Велес, а Елеонора Новакоска веде на Завод за музеи во Охрид.

Слични содржини