Финска ќе ја признае Каталонија?

од desk2

Финска би можела да стане прва земја што официјално ќе ја признае Каталонија како република, пренесува лондонски „Daily Express“

Со тој потег на оваа скандинавска земја директно би се спротивставила на Европската унија.

Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, најави дека на финскиот парламент ќе му поднесе предлог да ја признае новонастанатата држава, пренесува весникот.

Како што потсетува, Карна, кој е од редовите на владејачката Партија на центарот која ја предводи премиерот Јуха Сипила, и честита на Каталонија, откако регионалниот парламент во петок изгласа отцепување од Шпанија.

Ако Финска официјално ја признае Каталонија како нова држава тоа ќе биде само уште еден удар за ЕУ која силно ја поддржа единствена Шпанија.

„Ако Финска ја признае Каталонија, со тоа ќе ја исмее Европската унија и нејзиното одбивање да го признае новиот статус на тој регион“, пишува весникот.

Истовремено, како што укажува лондонскиот дневник. Претседателот на Европската комисија Жан – Клод Јункер предупреди дека се појавуваат пукнатини во рамки на ЕУ поради потресот во Каталонија кои доведуваат до расцеп на унијата.

Шкотската влада, исто така, упати порака на поддршка, наведувајќи дека Каталонија мора да им право да ја одреди сопствената иднина.

Шкотската влада соопшти дека го почитува и го разбира ставот на каталонската влада, а централната влада на Шпанија ја критикуваше поради одбивањето дијалог.

Весникот пишува дека и Аргентина може формално да ја признае Република Каталонија.

Левичарскиот пратеник на аргентинските социјалист Хуан Карлос Џордано, кој ја застапува провинцијата Буенос Аирес, рече дека во парламентот ќе поднесе предлог таа јужноамериканска земја да ја признае Каталонија.

Слични содржини