Финските војници истрелале длабочински бомби како предупредување до подморница во водите до главниот град Хелсинки во позадината на воените тензии со соседна Русија, објави Ројтерс.

images

Морнарица на Финска објави дека е забележан подводен објект во понеделникот и вторникот наутро и дека пукале – користената муниција била голема колку гранати.

Финска, која ја дели 1 340-километарската граница со Русија, е загрижена од воените активности на Руската Федерација.

Министерот за одбрана на Нордиска страна Карл Хаглунд не кажа дали Русија е вмешана во инцидентот. Тој истакна пред финската медиуми дека целта може да била подморница и дека најверојатно го напуштила реонот, додавајќи дека Финска ретко дава предупредувачки истрели.

Се сомневаме дека имало странска подводна активност. Секогаш е сериозно, ако има прекршување на територијалните води, истакна тој за локалните медиуми STT.

Фрлените бомби немале за цел да ја оштетат целта, целта беше да се извести дека ја забележуваме, изјави комодор Олави Јантунен за весникот Helsingin Sanomat.

Потсетуваме, на крајот на минатата година Шведска беше принудена да прогласи најголема мобилизација од времето на Студената војна поради информации дека туѓа подморница е забележана до Стокхолм. Подоцна Шведска потврди дека мистериозната “руска подморница” е само мал брод.

Слични содржини