Фински градоначалник и двајца новинари се убиени во близина на границата со Русија

од desk3

Лидерот на општински совет во финскиот град Иматра град во близина на границата со Русија и двајца локални новинари беа застрелани на излегување од ресторан подоцна вчера, пренесе АФП, повикувајќи се на полицијата.

2111241187

Инспекторите велат дека трите жени најверојатно се убиени од маж со пушка, кој подоцна бил уапсен.

Осомничениот бил подложен на сослушување, но и покрај тоа мотивите за нападот остануваат непознати. Според властите најверојатно мажот ќе ги открие причините за нападот по повторен распит.
“Напаѓачот е маж на 23 години, Финец. Во моментот изгледа дека жртвите биле избрани случајно “, изјавија од раководството на истрагата, според кои напаѓачот е криминално регистриран.

Исто така, во моментот нема информации дека пред инцидентот убиените жени се познавале меѓусебно.

Слични содржини