Фитнес тракерот ни го следи правилно пулсот, но не и потрошените калории

од Vladimir Zorba

Милиони луѓе во светот користат спортски нараквици, часовници или други слични уреди со кои го набљудуваат своето здравје или фитнес цели. Но, дали информациите што тие ни ги нудат се всушност точни?

Токму на ова прашање се обидоа да одговорат научниците од училиштето за медицина на Универзитетот “Стенфорд” во Калифорнија, преку тестирање на седум од најпопуларните уреди на пазарот во моментов – Apple Watch, Basis Peak, Fitbit Surge, Microsoft Band, Mio Alpha 2, PulseOn и Samsung Gear S2.

Тие биле носени од вкупно 60 волонтери – 31 жена и 29 мажи за време на трчање по трака за трчање или ротација на педалите на статични велосипеди. Резултатите покажуваат дека повеќето фитнес тракери се доволно сигурни што се однесува да одредувањето на срцевата фреквенција, но се практично бескорисни за пријавување на енергијата потрошена при физичка активност.

Во однос на пулсот, точноста кај шест од уредите била над 95%. При читањето на изгорените калории меѓутоа таа била 27% дури и при најскапите и високо оценети гаџети.

Според авторите на студијата, фитнес тракерите грешат при следење на калориите поради нецелосните известувања за висина, тежина, возраст и други индивидуални индикатори на корисникот.

“Луѓето ги засноваат своите одлуки во животот спрема податоците од овие уреди, но потрошувачките уреди не ги следат истите стандарди кои важат за медицинските”, вели Јуан Ешли – професор по кардиоваскуларна медицина, генетика и биомедицински податоци во “Стенфорд”.

Истражувањето беше објавено денеска во Журнал по персонална медицина.

Слични содржини