Флеш Бизнис – свет

од Vladimir Zorba

 

бизнисВашингтон – Скромното зголемување на цените на нафтата не успева да го дополни буџетскиот кусок во земјите на Персискиот залив кои извезуваат нафта, соопшти ММФ. ММФ тие земји ги повика да ја намалат потрошувачката. Цените на клучната суровина на тој регион делумно зајакнаа и сега се движат околу 50 долари за барел, откако во јануари паднаа на 10 годишен минимум од под 30 долари за барел од нивото од над 100 долари на кое беа во текот на средината на 2014 година.

Загреб – Кончар Дистрибутивните и специјални трансформатори (D&ST) во првите девет месеци оваа година остварија нето профит од 21,7 милиони куни, што е 11,2 отсто повеќе од истиот период лани, се податоци од финансискиот извештај на компанијата објавен на Загрепската берза. Вкупните приходи изнесувале 652,2 милиони куни, што е раст од 4 отсто. Притоа извозот пораснал за 9 отсто, на 545 милиони куни и сочинува 85 отсто од приходот од продажбата.

Лондон – Изгледа дека интернет гигантот Амазон сака во Европа да понуди интернер услуги. Порталот The Information, наведувајќи неименуван извор, потенцира дека Амазон нема намера да гради сопствена инфраструктура туку сака да закупи пристап на мрежата од постечките интернет провајдери. Како што истакнува порталот, во некои делови на Европа како на пример Велика Британија, широкопојасните интернет провајдери на своите конкуренти мора да овозможат пристап на мрежата.

Лондон – Бритиш Американ Тобако сака да го купи преостанатиот удел од 58 отсто во ривалската фирма Рејнолдс Американ за 47 милијарди долари. На тој начин би настанала најголема тутунска компанија во светот со многу брендови на цигари, меѓу кои се „Лаки Страјк” и „Камел”. Со понудата, која предвидува комбинирано плаќање во готовина и акции, цената по акција на Рејнолдс би изнесувала 56,5 долари, соопшти BAT од централата во Лондон, што е премија од 20 отсто на цената која Рејнолдс ја оствари на последното затварање на тргувањето на Волстрит.

Варшава – Брзиот раст на полската економија создаде побарувачка за работници, посебно за евтина работна сила од исток. Тој недостиг го пополнуваат луѓе од Белорусија и Украина, а главно се работи за работници кои работеле во Русија. Во Белорусија има се повеќе огласи на кои пишува: „Потребни се работници во Полска за повеќе различни позиции. Ве повикуваме мажи и жени”.

Токио – Гувернерот на Банката на Јапонија (БоЈ) Харухико Курода, изјави дека моментално не гледа потреба централната банка да го намали купувањето на активите. Курода додаде дека фокусот од ширењето на монетарната берза БоЈ го пренасочува на целната каматна стапка, пренесе агенцијата „Блумберг”. Одговарајќи на прашања во парламентот, Курода призна дека во иднина можеби нема да биде потребно централната банка и понатаму да купува јапонски државни обврзници во сегашен обем од 80.000 милијарди јени (770 милијарди долари) годишно.

Њујорк – Акциите на Мајкрософт скокнаа над нивното рекордно ниво од „dotcom” периодот на премин на векот, јавува Фајненшл Тајмс. Акциите на Мајкрософт пораснаа 5,6 отсто, качувајќи се над рекордното ниво од 58,7 долари од 1999 година. Мајкрософт во изминатото тромесечје оствари приходи од 22,3 милијарди долари, што е раст од 3 отсто и над предвидените 21,7 милијарди долари.

Њујорк – Продажбата на станбените единици во САД силно порасна во септември, при што на пазарот влегоа многу купци кои за прв пат купуваат куќа или стан, покажуваат податоците. Вкупно продажбата на постоечките станбени недвижнини скокна во овој месец за 3,2 отсто, откако според сезонските прилагодени податоци, продажбата на куќите, апартманите и задружните станови достигнала 5,47 милиони, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои целеле на 5,3 милиони, според податоците на Националната Асоцијација на агенции за недвижнини (NAR)./МИА

Слични содржини