Флориан Бибер до ЕПП: Не можете да му честитате на Макрон, а да ги поддржувате Груевски и Орбан

од Vladimir Zorba

Австрискиот професор и политички аналитичар Флориан Бибер преку Твитер одговори на честитката на претседателот на Групата европски народни парттии и претседавач во Европскиот Парламент, Жозеф Дол на победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција.

„Не можете да му честитате на Емануел Макрон а во исто време да ги подржувате Виктор Орбан и Никола Груевски. Тие не се подобри од Ле Пен“, напиша Бибер на Tвитер.

Неговиот твит беше реакција на тој на Дол кој претходно напиша „Моите честитки за Макрон кој ќе ја преставува обединета Франција во силна Европа наредните пет години“.

Слични содржини