Focus: САД, Русија и Кина повторно се на првите три места од глобалниот рејтинг на воена моќ

од Vladimir Zorba

Експертите на порталот Global Firepower, кои го мерат глобалниот индекс за воена моќ, во рангирањето вклучија 126 земји.

При пресметувањето се евидентирани над 40 различни фактори (многу од нив не се чисто воени), како на пример присуството на нуклеарно оружје не е земено во предвид, соопшти Focus. На прво место очекувано повторно се редат САД, следени од Русија и Кина.

На листата следат Индија, Франција, Велика Британија, Јапонија, Турција, Германија и Италија. Армиите на Мадагаскар, Габон, ДР Конго, Босна и Херцеговина се најслабите во светот. Нивна конкуренција претставуваат Литванија (121), Естонија (123) и Латвија (апсолутно последна на 126).

САД ја предводи листата со 8.848 тенкови, непобитен лидер со 13.444 авиони и хеликоптери, како и со воен буџет од 581 милијарди долраи (12 пати поголем од на РФ). За воени трошоци Американците се пред најблискиот противкандидат Кина со 400 милијарди долари.

Русија е рангирана на второ место меѓу најсилните држави..

Значително за тоа продонесувао подготвеноста на нејзината копнена армија, коа е лидер во тенковите – 15 398. Кина располага со 2,3 милиони војници, 9150 тенкови и над 700 бродови, но останатите нејзини индикатори се далеку послаби. Велика Британија зазема 6-то место, Северна Кореја – на 7-мо, Франција – 8-мо, Германија – 9-то.

Слични содржини