Додека медиумите калкулираат со рокови околу распитот на осомничените , неделникот Фокус објави дека во моментов во Судот се пристигнати Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски  и останатите обвинети за злосторничко здружување и изборни манипулации.

gordana-jankuloska-vlada-520x267

Во овој момент завршен е распитот на Едмонд Темелко, а како што објави Фокус, адвокатот на Едмонд Темелко побарал да не му биде одредена мерка притвор како што побара Специјалното обвинителство, туку таа да се замени со мерка куќен притвор и одземање на пасошот. Истражниот судија до утре наутро ќе реши дали на осомничените ќе им одредни мерка притвор.

Откако заврши распитот на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, во моментов поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дава исказ пред судија на предистражна постапка , а поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска, Божиновски и останатите осомничени во овој случај.

 

 

Слични содржини