Фокус: Црната чума заминува

од Vladimir Zorba

Во новиот број на неделникот Фокус:

ПО 3.916 ДЕНА ТЕРОР – ГРУЕВЦИ ВО ОПОЗИЦИЈА!
Откако ДРПМНЕ од 28 август 2006 доби мандат за влада, до денес 17 мај 2017, кога Заев е во таа улога, останува да забележиме дека сме преживеале 3.916 дена терор. Злосторничкото здружение ја призна капитулацијата. Белиот партиски дворец се зави во црно. Ќе пукнам што Никола Младенов не го доживеа овој миг. Ама, верувам дека се гордее, некаде таму на небото, што опстојавме… не направивме компромис во битката за општество на слободни луѓе!

ПРИТВОРОТ НА КОЧАН
Во историјата на македонското судство немало случај каде на лице кое било со месеци во бегство му била укината мерката притвор. Скандалозна и срамна е одлуката на Врховниот суд, кој заедно со обвинителството на Зврлевски се става во одбрана на контроверзниот бизнисмен

ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ФАМИЛИЈАТА
Веќе се слушаат повици дека Заев требало да му заблагодари на отпорот против т.н. Тиранска платформа, за тоа што Албанците сега наводно биле легнати на плеќи, а нивните радикални барања биле осуетени за подолго време. Каква манипулација! Ова е едно од последните кукавички јајца на криминалната хунта во распад

СУДСКИ РЕФОРМИ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неодамна најави дека првите чекори по формирањето на новата влада ќе бидат враќање на довербата во судството преку генерален реизбор на судиите. „Фокус“ дознава дека најавената реформа најверојатно би се спровела преку чистка во Судскиот совет и во Советот на јавните обвинители

ЛОКАЛНИ ТЕНДЕРСКИ ШЕМИ
Анализата на јавните набавки во Тетово, Гостивар и Кичево покажува дека тие претежно соработуваат со неколку одбрани компании, со кои склучувале договори за јавна набавка. Како парите се концентрирале во луѓе блиски на владеачките партии?

ЗА УШИ НА ГЛАСАЊЕ
Роми што живеат во близина на гробиштата во селото Драчево, за „Фокус“ ја откриваат шемата како власта штанцала лични карти за недокументираните граѓани Роми за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а потоа нивните документи исчезнувале сѐ до новите избори

СОНЧОГЛЕДИТЕ ГО ВРТАТ (ПО)СЛЕДНИОТ КРУГ
Еден куп луѓе ќе бараат од новата власт да се погрижи за нивните права, желби, потреби, иако со ништо не ѝ помогнале да дојде на власт, дури и работеле против неа. Како кон нив ќе се однесуваат „новите дечки“, ќе биде показател за тоа какви луѓе дошле на власт

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Кај режимите има една закономерност. Кога тие ќе стасаат до крајот, државата мора да тргне од почеток. Тоа е трагична неминовност и најтешка казна за послушните и уплашени народи кои со наведната глава ја трпат тиранијата и не се спротивставуваат додека монструмите се во ембрионална фаза и можат лесно да се згазат

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Настаните од „крвавиот четврток“ се добра поука колку на НГ и неговата банда може да им се верува во практикувањето на демократијата и основните цивилизациски вредности. Бандит си е бандит и него не може да го премислат никакви апели за разум и конструктивност

Ана ПАНОВСКА
СДСМ за првпат од осамостојувањето јавно се оттргна од кокетирањето со национализмот. Да, да! И тој цело време благо играше на таа карта, плашливо додворувајќи му се на народот, сметајќи дека ако не е доволно „македоншчујушќи“ и доволно верски затупен никогаш нема да победи на избори!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Новата реформска влада мора да им објасни на граѓаните дека никогаш не постоело т.н. „македонско сценарио“ освен во главите на мафијата на власт и нејзините измеќари. Не постоел никаков светски заговор како однапред подготвен план за разнебитување на државата.

Рамадан РАМАДАНИ
Тешка работа претстои за составување на новата влада, а особено и за нејзиното функционирање. А како што оваа влада е шанса за Македонија да се ослободи и исправи од режимското наследство, така е тоа и за ДУИ. За освен што ќе преживее, да може и да надживее, ако знае

Слични содржини