„Фолксваген“ ги стимулира купувачите со бонуси за еко-автомобили

од Vladimir Zorba

Автомобилскиот производител “Фолксваген” (VW) и подружните компании нудат парични стимулации за замена на стари дизел автомобили. Предлогот доаѓа на позадината на обидите на концернот да ги намали штетните емисии по пламнатиот во 2015 година скандал за измамата со овие емисии.

VW нуди бонус од 2000 до 10 000 евра за оние купувачи кои ги заменуваат старите дизел автомобили со автомобили кои ги задоволуваат најновите стандарди за емисија Euro 6. Бонусот за SUV на Touareg може да стигне до 10 000 евра.

Автопроизводителот нуди и дополнителни попусти меѓу 1000 и 2380 евра за оние кои купуваат модели кои се поеколошки и се на струја и гас, наместо на бензин и дизел.

VW “презема својот дел од одговорноста за таквото движење по германските улици што ќе е погодно за климата и за здравјето”, се вели во соопштението на концернот.

Тоа е првиот чекор на најголемиот производител на автомобили во светот по средбата на германскиот автомобилски сектор минатата недела, на која беа разгледани мерките против штетните материи кои се испуштаат од дизел автомобили.

Слични содржини