Фолксваген издвои 2,5 милијарди евра за нелегалниот софтвер кај дизелашите

од desk2

Германски Фолксваген соопшти денеска дека издвоил дополнителни 2,5 милијарди евра за трошоци за откуп и поправање на воизлата со дизелски мотор во САД, за кои е утврдено дека содржат нелегален софтвер за регулирање емисии на штетни гасови.

Со ова вкупниот износ кој Фолксваген го издвои за санирањњ на последиците од аферата „Дизелгејт“ порасна на 25.1 милијарди евра.

„Причината за зголемување на трошоците на програмата за откуп /поправки на возилата со дволитарски TDI мотор, кој е дел од прамнувањата во Северна Америка. Се покажа дека програмата технички е многу покомплексна и дека за нејзина реализација потребно е повеќе време“, се наведува во соопштението.

Фолксваген лани се согласи да откупи и да поправи 500.000 свои автомобили со дволитарски дизел мотори во САД. Утврдено е дека во тие возила вграден е сефтвер кој покажува дека автомобилот помалку го загадува воздухот отколку што тоа реално го прави.

Германската компанија подоцна се согласи и на слично вонсудско порамнување со сопствениците на 80.000 возила со трилитарски дизелски мотори, потсетува AFP.

Скандалот изби пред две години, а опфатени се автомобилите од групацијата Фолксваген кои се продадени во Германија и во странство.

Во Германија вчера беше уапсен и втор функционер на Ауди, а истрагата е проширена уште на неколку лица.

Слични содржини