Фолксваген: Започнува производството на концептот I.D. BUZZ

од desk2

Концептот I.D. BUZZ на Фолксваген ќе биде унапредено за сериско производство потврдија од германскиот производител на автомобили.


I.D. BUZZ на патиштата ќе можеме да го видиме од 2022-ра година, после компактниот модел I.D. со четири врати. Фолксваген со моделот I.D. BUZZ и целокупното семејство I.D. првенствено ќе го „нападне“ пазарот во Северна Америка, Европа и Кина.

Благодарение на електричниот погон, предната и задната осовина ќе можат да бидат повеќе раздвоени со што ќе може да се заштеди на простор. Големото осовинско растојание позитивно ќе се одрази на внатрешноста која што ќе има поголем простор, а од Фолксваген открија дека батериите ќе бидат сместени на подвозјето.

„Автомобилот благодарение на тоа може да биде краток како еден моноволумен, но во внатрешноста истовремено да понуди еднаква количина на простор како и Транспортерот“, соопшти еден од претседателите на Фолксваген, Херберт Диес.


Со почетокот на поизводството, повеќе од седум децении ќе го делат најстариот и најмладиот емоционално дизајниран микробус на Фолксваген. И покрај тоа, I.D. BUZZ ќе го одликуваат „гените“ на неговиот претходник и ќе има детали кои што неодоливо ќе потсетуваат на „оригиналот“.

Концептуалното возило со својата должина од 4942 милиметри, ширина од 1976 и висина од 1963 милиметри се одликува со одлични димензии во внатрешноста погодни за патниците. Сериската варијанта која се темели на модуларната електрична платформа “MEB” ќе превземе бројни идеи во дизајнот и ќе понуди варијабилен распоред на седишта, интерактивно вмрежување и автоматизирано и автономно возење.

Слични содржини