“Форбс”: Трамп се осиромаши, но сепак остана милијардер, а најбогат во светот останува …

од desk4

 

За разлика од  минатата година, состојбата на богатството на претседателот на САД – милијардерот Доналд Трамп, е намалена за 600 милиони и тој на своето конто има само 3,1 милијарда долари. Ова беше објавено од страна на магазинот Форбс, кој ја објавува листата на 400 најбогати Американци.

 

Оваа година Трамп е на 248 место, а во 2016 година тој беше на 156-то место. Главна причина за намалување на богатсвотоа на Трамп е паѓањето на вредноста на недвижниот имот, кој е во негова  сопственост и се наоѓа во Њујорк. Според Форбс тој во Њујорк загубил 400 милиони долари.

 

Трамп имал големи трошоци за време на претседателската кампања (66 милиони долари), а 25 милиони. долари требало да плати за решавање на тужба по основа на тужба за измама против негова организација која се викаше Trump University.

 

Најбогатиот Американец е Бил Гејтс, еден од основачите на софтверската компанија Microsoft. Неговата состојба е 89 милијарди долари.

 

Втор е шефот на корпорацијата на интернет трговија Amazon Џеф Безос кои има 81,5 милијарди. А, трет е инвеститорот Ворен Бафет, шеф на холдингот “Беркшир Хатавеј” со 78 милијарди долари.

 

На четвртото место е основачот на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг (71 милијарди. долари), петти е Лери Елисон – основач на компанијата Oracle ( “Оракл”), втора во светот по производство на компјутерски програми (59 милијарди долари).

 

На 6-то и 7-мо место се браќата Чарлс и Дејвид Кох, кои се генерален директор и извршен потпретседател на семејната компанија Koch Industries (со по 48,5 милијарди долари).

 

Следат Чарлз Блумберг – основач на истоимената агенција за бизнис вести и поранешен градоначалник на Њујорк (46,8 милијарди. Долари). Првата десетка завршува со основачот на интернет пребарувачот Google Лари Пејџ, генерален директор на компанијата Alphabet (44,6 милијарди. Долари) и Сергеј Брин – претседател на Alphabet (43,4 милијарди. Долари).

Слични содржини