Ford го промовираше најбрзиот Mustang Cobra Jet на својата 50-годишнина

од Vladimir Zorba

Ford одбележува 50-годишнината на моделот Mustang Cobra Jet со специјална верзија која, за жал, луѓето тешко ќе можат да ја видат на патиштата.

Mustang Cobra Jet 50th Anniversary е вистински болид, предзначен да учествува во „драг“ трките од Американската хот-род асоцијација (NHRA). Ford тврди дека автомобилот може да надмине растојание од четвртина милја за 8,5 сек, откако забрзува до 241 км / ч.

Под хаубата на специјалната верзија се крие компресор V8 со волумен од 5,2 литри. Неговата моќност не се открива, но претходниот Mustang Cobra Jet, кој беше претставен за 40-годишнината од моделот, имаше моќност од околу 900 коња и минуваше четвртина милја за 8,9 сек, иако обемот на моторот беше 5,4 литарски. Компанијата, исто така, не го открива менувачот на моделот. Многу е веројатно дека целата оваа моќ да биде пренесена со автоматска трансмисија со три брзини, која е поставена за такви трки.

Од стандардниот Mustang овој автомобил ќе се разликува не само по моторот и менувачот – Кобра добива нова задна суспензија со четири врски како и Strange Engineering. Во автомобилот има потврдени од FIA тркачки безбедносни појаси.

Од специјалната верзија ќе бидат произведени само 68 примероци, кои сепак нема да можат да се движат легално на јавните патишта, бидејќи немаат VIN број. Компанијата уште не ја открила цената на моделот, но според американските медиуми, Mustang Cobra Jet 50th Anniversary ќе се продава за околу 100.000 долари.

Слични содржини