Додека целиот свет “нервозно” ја  набљудуваше инаугурацијата на Доналд Трамп, Русија и Сирија потпишаа долгорочен договор за користење на воените бази во Латакија и Тартус, соопшти американското издание Foreign Policy.

Според условите на “зделката која ги круниса напорите на Владимир Путин за обновување на минатото влијание на Русија во источниот дел на Медитеранот”, Москва доби право да располага на територијата на Сирија воени бродови и авиони во текот на следниот половина век, забележува американското издание .

Покрај тоа, договорот предвидува проширување на територијата на базата во Тартус, по што таа ќе може да прими атомски подморници и поголеми бродови како што  е авионосачот “Адмирал Кузнецов”.

До сега Кремљ, според Foreign Policy, го користел пристаништето во Тартус, за да ја “преплави” Сирија со војници и оружје за поддршка на режимот на Башар Асад.

“Новиот договор, им овозможува на руските бродови и авиони во текот на неколку месеци да делуваат далеку од Русија,  и ќе и овозможи на Москва и понатаму да ја демонстрира својата воена моќ во сириската војна” – резимира весникот.

Како што изјави претставник на Пентагон, Москваја  користи Сирија како “пробен полигон” за своите најнови системи  и вооружувања, како и да се ” фали со плодовите на воената модернизација” – резимира Foreign Policy.