Формиран републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

  За попладне е закажана прес-конференција на т.н. „Републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ“.

Во соопштение до медиумите, организаторите пишуваат дека на настанот ќе се обрати координаторот на Републичкиот Штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, во присуство на претставници од републичкиот, регионалните и општински штабови.

Темата е промовирање на функционалноста на регионални штабови за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и обраќање до Претседателот и останатите тела на Партијата, со цел започнување на процесот на суштински реформи во ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ – посилно за нови победи“ – под ова име на Фејсбук е отворена i група во која лица кои тврдат дека се членови и симпатизери на партијата бараат реформи и демократизација со цел „враќање на силата и угледот на ВМРO ДПМНЕ како столб на Македонија“.

„Ние веруваме дека силно и демократско ВМРО ДПМНЕ ќе биде најсилната политичка партија во Република Македонија која брзо ќе се врати на власт со цел заштита на македонските национални интереси“, пишува во групата.

Слични содржини