Формиран Управен одбор за дигитална интеграција на Западен Балкан

од desk4

Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија формираа денеска во Сараево Управен одбор задолжен за активностите околу дигиталната интеграција на регионот, кој меѓу другото треба да го подготви и Дигиталниот самит на Западен Балкан во 2018 година.

Со оваа средба започнаа активностите околу спроведување на Повеќегодишниот акционен план (MAP) за изградба на Регионален економски простор – документ и заклучоци усвоени на самитот во Трст во јули годинава помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Состанокот се одржа во организација на Регионалниот совет за соработка (RCC) и, германското Министерство за економски односи и енергетика, а на состанокот присуствуваа и претставници на Европската комисија, Федералната влада на Германија, претставници на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Дигиталната агенда е еден од главните столбови на Планот, а целта е на шесте земји од Западен Балкан, преку дигиталната интеграција да им се отвори пристап кон паневропскиот пазар на дигитална економија. За тоа се неопходни стратегии на дигитализација прилагодени на идните потреби, ажурирани законски рамки, унапредена широкопојасна инфраструктура и дигитална писменост, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

Слични содржини