Формула 1: Во Спа, пол-позиција за Нико Розберг

од Vladimir Zorba

niko-rozberg-reuters

Возачот на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од пол-позицијата на трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Белгија, која е закажана за утре од 14 часот. Розберг беше најбрз во квалификациите возејќи круг со време 1:46.744 минути.

Од првиот ред веднаш до Розберг на втората стартна позиција ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул кој денеска имаше 15 стоти делови од секундата побавно време зад најбрзиот.

Двата болида на Ферари, на Кими Раиконен и на Себастијан Фетел главната трка ќе ја почнат од вториот ред.

Лидерот во годинашниот шампионат во Формула 1, Луис Хамилтон трката ќе ја почне од последниот ред (21.место) поради казната што првично беше утврдена.

Слични содржини