(ФОТО 16+) Гола и навредена: Емили Ратајковски лута на фотограф

од Vladimir Zorba

“Моето тело е мој избор”. Со овие зборови навредената Емили Ратајковски го коментира на Twitter фактот дека фотограф си дозволил да објавува нејзини голи слики без нејзината дозвола.be591c9fb0cc2cd486b9e7ca485caf7a

25-годишната актерка и модел беше потресена дека фотографот Џонатан Ледер сподели со светот нејзина еротска фотосесија која ѝ ја направил во 2012-та со апарат Polaroid.

Оваа фотосесија е направена пред ѕвездата на да се прослави и убавата бринета да изгрее на небото.

Ратајковски станува позната откако учествува во видео клипот на Робин Тик за песната “Blurred Lines” во 2013 година и откако се снима во филмот со Бен Афлек “Gone Girl”.

Емили никогаш не била премногу срамежлива пред камерите и сепак од невидените нејзини голи слики, станува јасно дека таа била подготвена да стигне далеку во името на својата кариера.

Дел од гневниот проповед на убавицата гласи: “Овие слики, вешто распространети од фотографот, се прекршување кон мене. Тие никогаш не биле наменети за употреба или објавување. Никогаш не сум дала дозвола тие да бидат објавени. За мене жените сами треба да одлучат кога и како сакаат да ја споделат својата сексуалност и форми. ”

Таа додава: “За да биде јасно: потпишав сликите да не бидат објавени, а фотосесијата не ми е платена.”

Во принцип Емили редовно ги споделува своите еротски селфиња на кои ги покажува беспрекорните форми, но очигледно не очекувала некој друг да заработува на нејзин грб.

Слични содржини