(ФОТО 18+) Хорор во Шведска: Бегалец од Сирија се покажа жесток џелат, ликвидирал 7невини мажи

од desk2

Терористот ќе го поминеостатокот од животот зад решетки.

Суд во Шведска осуди Сириец на доживотен затвор за неговата вмешаност во 2012 година во масовна егзекуција на седуммина војници од сириската армија. Окружниот суд во Стокхолм пресуди дека 46-годишниот бегалец Хајсам Омар Сакхан се приклучил кон вооружената група “Сулејман” на почетокот на мај 2012 година, а потоа застрелал човек со автомат.
Судија Томас Зандер изјави дека жртвата која не е идентификувана, била застрелана со уште шестмина мажи “при екстремно сурови околности”.

Исламистичката група ги заробила седуммината мажи за време на напад на почетокот на мај 2012 година. Седуммината сириски војници биле застрелани два дена подоцна, пишува Stockholms Tingsratt.

Салха признал дека учествувал во егзекуцијата, но изјавил дека не треба да биде суден, бидејќи смртната пресуда на мажите била издадена од легитимен суд – нешто што шведскиот суд го отфрли. Судот ги поби тврдењата дека тој само го следел заповедите.

Предметната исламистичка група била претежно активна во провинцијата Идлиб. Таа е предводена од наркодилерот Абу Сулејман ал Хамауи, пишува TrackingTerrorism.org.

Сакхан побарал азил во Шведска во 2013 година.

Слични содржини