Супермоделот од 80-те Кристи Бринкли покажува неверојатeн изглед во нова фотосесија за списанието Social Life. Поранешната сопруга на пејачот Били Џоел има 62 години, но тоа воопшто не се гледа.

714237e169e34b2bf8e0ed1101d24e9e
Блондинката открива дека редовно се подложува на терапии со инјекции ботокс во вратот и делови од лицето, за да има помладешки изглед.

Кристи, која е мајка на три деца, открива: “Може да звучи страшно, но всушност овие инјекции не се воопшто болни.”

Бринкли дополнува: “Во моментот, во кој ќе си направам таква инјекција, одеднаш моето лице станува ведро и одморено. Знаете дека во шоубизнисот изгледот е важен. ”
Таа сепак појаснува дека не си става ботокс во челото, бидејќи не ѝ се допаѓа, бидејќи целиот нејзин израз се менува.

Русокосата убавица вели дека се надева дека еден ден жените ќе можат да стареат со стил и без ботокс. “Мислам дека дерматологијата измина долг пат и дека има толку многу производи на пазарот кои имаат одличен антиејџ ефект. Тие навистина можат да ве направат да изгледате многу подобро. ”

Кристи неколку месеци има врска со пејачот Џон Миленкамп кој пред неа излегуваше неколку години со актерката Мег Рајан.
Видете ги сликите на Кристи во галеријата.

Слични содржини