(Фото) Ајфеловата кула добива заштитен ѕид од непробојно стакло

од desk2

Едно од седумте светски чуда, Ајфеловата кула, ќе добие заштита од терористички напади – околу неа ќе биде поставен ѕид од непробојно стакло.

Како што пишуваше Локално.мк, Ајфелова кула во Париз ќе биде обезбедена со стаклен заштитен ѕид, а ќе се гради според проект на австрискиот архитект Дитмар Фајхтингер.

Изградбата, според пишувањата на австрискиот весник „Стандард“, треба да почне денеска, а ќе трае половина година и ќе чини 20 милиони евра. Зад ѕидот планирана е изградба на бетонски столбови кои треба да спречат напади со камиони.

Фајхтингер изјави дека ќе се обиде обезбедувањето на Ајфелова кула да го направи што е можно подискретно.

„Избравме непробојно стакло со дебелина од 70 сантиметри, за да се овозможи отворен поглед“, изјави тој.

Слични содржини