(ФОТО) Амал Клуни во форма, но слаба

од Vladimir Zorba

Семејството Клуни беа фотографирани како се шетаат фатени рака за рака во близина на нивниот дом на езерото Комо во Италија.

39-годишната Амал и 56-годишниот Џорџ беа во посекојдневна облека погодна за тенис, но она што остава впечаток е витката фигура на адвокатката.

Витката Амал ги роди близнаците – Александар и Ела, во јуни во Лондон, потсетува Daily Mail.

Исто така се гледа недостатокот на ѕвезден сјај на лицата кои изгледаат перфектни на црвениот тепих, додека сега јасно се гледа дека младата мајка е целосно истоштена.

Џорџ и Амал Клуни се венчаа во 2014 година.

Фото: Daily Mail

Слични содржини