(ФОТО) Бред Пит се појави во јавност за прв пат по разводот

од desk2

Бред Пит беше забележан за прв пат, откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод во септември.

3a8cd50f88bb33e09fb22788c7af8166

Во вторникот, актерот присуствуваше на приватно прикажување на драмата “Moonlight” во Лос Анџелес, во придружба на неговата долгогодишна другарка и колешка Џулија Робертс. Неговата продукциската компанија “Plan B”, направи партнерство со “A24” за да направат филм за хомосексуално момче од афричко-американско потекло, и се шират гласини дека филмот ќе биде номиниран за Оскар.

3a31d9e800000578-3919126-image-a-40_1478674133304

Ова доаѓа еден ден откако Анџелина Џоли го  доби првичното физичко старателство над 6-те нејзини деца со Бред Пит. Во моментов холивудската двојка е во процес на горчлив развод, но нивните најголеми спорови се водат околу тоа каде и со кого ќе живеат наследниците.

Првично Џоли побара старателството над децата, по што Пит ѝ го оспори барањето, приложувајќи документи во судот за заедничко физичко и правно старателство.

3a13dbb800000578-0-image-a-36_1478671844098

На крајот засега таа ја доби битката и децата остануваат да живеат со неа во Лос Анџелес.

Бред ќе може да ги гледа само при планирани посети и тоа во друштво на надзорник-психолог.

Слични содржини