(ФОТО) Даниел Кајмакоски стана татко на син

од Vladimir Zorba

Победникот на првата сезона од регионалното талент шоу „Икс Фактор“ Даниел Кајмакоски денеска стана татко.

Тој го доби своето прво дете и тоа е момче кое ќе се вика Давид, како што сподели самиот Даниел објавувајќи и неколку фотографии од штотуку роденото бебе.

„Од секогаш сакав да бидам млад татко. Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денес ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски. Радоста не може да се опише со збор“, напиша Даниел во описот на фотографиите. 

Пред неколку месеци, српските медиуми објавија дека Даниел чека бебе со манекенката Кристина Димитријевска.

 

Слични содржини