Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која во изминатите два дена во Скопје правеше проценка за предизборната атмосфера за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни заглавила во лифт на Јавното обвинителство на Македонија и останале таму најмалку 30 минути, чекајќи ја ги извадат од внатре, објави порталот Сведок.

Според фотографиите, до кои дојде Сведок, делегацијата имала средба во Јавното обвинителство на Македонија, а од таму требало да продолжат на средба во Државната изборна комисија.

Но, еден од двата лифтови на Обвинителството во кои се возела Делегацијата наеднаш откажал и тие останале заглавени внатре.

На почетокот им било интересно, па направиле „селфи“ надевајќи се дека ситуацијата бргу ќе се реши. Но, не идело се така мазно, па членови од делегацијата ги фатило паника, иако им било ветено дека ќе бидат извлечени, како и тоа, да не се вознемируваат бидејќи лифтот бил поврзан со систем за воздух, па не постои опасност да останат без кислород.

Tom Packalen кој ги објави фотографиите на неговиот ФБ профил напишал дека тој бил најгласен меѓу неговите колеги и рекол дека ова не е германска работа, бидејќи лифтот имал финска машина (погон).

Целосниот текст прочитајте го на следниот линк.

Слични содржини