СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“. Полициските инспектори, на 21.05.2015 година околу 12 часот, ги затекнале двајцата пријавени при употреба на подесен алат и обивање на блиндор врата во стан на улица „Мирче Ацев“ во Охрид.

При личен како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус клучеви, мини метална округла шипка, една мини плосната шипка, една метална пинцета, два скалпери, еден француски клуч, еден штрафцигер и една зипер кесичка со пет пластични портокалови мунистри. Пријавените кривичните дела ги сториле во Охрид од септември минатата до мај оваа година во периодот од 07 до 17 часот со што се стекнале противправна имотна во вредност од над 300.000 денари.

Слични содржини