(ФОТО) Еди Рама по патики и на Самитот 100 во Скопје

од desk2

Премиерот на Албанија Еди Рама останува доследен на својот бунтовен стил на облекување кој ретко друг политичар го практикува поради сериозноста на функцијата.

Својата индивидуалност премиерот Рама ја покажа и во Скопје на Самитот 100 посветен на регионалната соработка.

Рама дојде во класичен костум со неговата препознатлива црвена вратоврска, но еден детаљ мораше да се издвои во неговиот стил, а тоа се црните спортски патики со висок ѓон.

За разлика од него сите премиери кои учествуваа на панелот за подобрување на соработката во регионот вклучувајќи го и македонскиот премиер носеа класични чевли.

Најголеми критики Еди Рама претрпe кога на вечерата за премиерите од Балканот на покана на Федерика Могерини од ЕУ во Брисел се појави со неформално сино сако, шарена маичка со принт и бели патики.

Слични содржини