(ФОТО) Фитнес блогерка реши да не се депилира цела година и го сподели “резултатот“

од Vladimir Zorba

Храбра фитнес блогерка ги открива резултатите од одлуката да не се бричи во текот на една година. Целта на овој потфат е да ги инспирира другите жени да погледнат на својата природна убавина со други очи.

Морган Микенас вообичаено објавува видеа поврзани со различни вежби. Во својот пост Морган ја открива причината поради која престанува да се депилира. Таа раскажува дека на часовите по физичко воспитување во училиште, кога имала 11 – 12 години, соучениците  почнале да ѝ се потсмеваат на влакнестите нозе. Таа се прибирала дома плачејќи и ја прашувала мајка си дали може да ги избричи.

На почетокот на минатата година, сепак таа го остава жилетот настрана, а природните влакна на нозете и пазувите го преземаат природниот тек. Микенас додава дека една од главните причини за одлуката  е прекумерната загуба на време, која отстранувањето на влакната го бара.

“Не се обидувам да ги поттикнам сите луѓе да престанат да ги бричат пазувите и нозете. Единствено сакам да ги инспирирам другите, а секој да го прави она што го прави да се чувствува удобно “, изјави уште Морган. И продолжува: “Ако сте фокусирани да бидете верни на себе во секој момент, помалку ве интересира што мислат другите, што ќе доведе до мир на умот.”

Таа додава: “Што на крајот е убавината? За мене тоа е да бидеш убав пред некој друг да ти каже што треба да претставува убавината. Таков каков што си, ти си убав. ”

Слики: Instagram

Слични содржини