Со инспиративен говор на средношколката Евгенија Јанакиеска од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, заврши средношколскиот марш пред Министерството за образование, на кој учествуваа неколку илјади ученици и нивни поддржувачи.

 

– Денови ли се денови, средношколски маки големи! Ние не сме некои кои можат да бидат лесно изигнорирани и изманипулирани. Баталете ги сите политички партии, ние сме вашата закана, од нас треба да се плашите – рече Јанакиеска.

 

Средношколците порачаа дека очекуваат одговор од Министерството за образование – екстерното тестирање да се стави во мирување.

Маршот беше масовен и помина без инциденти.

Слични содржини