Мјанмар и Тајланд изгореа наркотикци во вредност од  една милијарда евра по пазарни цени во знак на добра волја дека се решени да се борат со порастот на  производството дрога. Во Мјанмар беа изгорени опиум, хероин, марихуана и метамфетамин за вкупно над 340 милиони евра, во Тајланд – за повеќе од 526 милиони евра.  Мјанмар, предводена денес од граѓанска влада на чело со поранешната опозиционерка Аун Сан Су Чи, останува меѓу најголемите производители на дрога во светот – наследство од децениското управување на воена хунта. И двете држави се стремат да покажат решителност во борбата против шверцерите со спектакуларни акции како денешната и тешки казни дури против ситни дилери. Зад решетки сепак завршуваат главно само такви. Златниот триаголник, составен од Лаос, Тајланд и Мјанмар, долго време беше главното место за производство на опиум и хероин пред меѓу дистрибутивни центри да се вброи и Авганистан. Источно мианмарската држава Шан во која се собрани речиси сите нелегални плантажи со афион во земјата, го зазема второто место по производство на опиум во светот, објавува АФП.

Слични содржини