grujo-777x437 (1)

Поранешиот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Груевски е осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигнал со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

Околу судот, како што јавува порталот „Нова ТВ“, има засилено полициско обезбедување и лица од МВР во цивилка.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека од судот бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на Груевски, на поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски./ извори НоваТВ и Мета фото Новатв

НоваТв

Слични содржини