ФОТО: Груевски се огради од насилниците, а тие се сликале во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

И ако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се огради од насилството и нападот на пратениците од парламентарното мнозинство, сепак фотографиите покажуваат нешто друго.

– Прво, сакам да го осудам насилството кои поединци го направија напаѓајќи и лично повредувајќи поголем број пратеници. Никогаш не сум оправдувал насилство, независно кој и зошто го предизвикал – рече рано утрово Груевски.

Сепак, на социјалните мрежи се шири фотографија на извесен Горан Ангеловски од Велес за кој се тврди дека го нападнал и раскрварил лидерот на СДСМ, Зоран Заев во хулиганскиот напад во парламентот. Тој има и фотографија позади бина на ВМРО-ДПМНЕ-Велес.

Слични содржини