Се повеќе народ на улица, се повеќе отпор и герила акции во антивладините протести, и несогласувањето со режимот и барање оставка од претседателот Ѓ.Иванов за одлуката за помилување на криминалците на ВМРО ДПМНЕ и послушниците на Никола Груевски. Протестите стануваат се помасовни , а на улиците се се помлади луѓе кои не се согласуваат со оваа како што велат диктатура во  владеењето на ВМРО ДПМНЕ и нивниот вожд Никола ГруевскиCgVlPWNWQAASSFh

Седмиот  ден од почеток на протестите иницирани од скандалозната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за сеопшта аболиција најмасовен. CgVmLmDXIAErYGv

Во 18 часот граѓаните се собраа пред СЈО за да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство, по што се упатија кон Собранието. Секој момент групата се зголемуваше. Од собранието, прекуплоштадот Македонија, каде фрлија пена во фонтаната, се упатија кон Министерството за култура, кое, во „спомен на Скопје – 2014“ го „освежија“ со јајца и боја. Потоа, досега најмасовната група граѓани се упати и протестираше пред Владата.

Еве како тоа изгледаше хронолошки;


 

 СЈО (18:16) Голема група граѓани се собраа на пред зградата на СЈО на денешниот протест. Извикуваат „ПОддршка за СЈО“, „Нема правда, нема мир“. Нивниот број постојано се зголемува.

CgVlV1PXIAA_WWY

CgVmkBuWsAIyWuv

CgVnZAcW4AEtwwGCgVnfnmXEAElEyBCgVnhlfXEAExCVeCgVoJhSWsAEnwpZ


Истовремено  ппротести почнаа и во Штип (18:22)

Стотици граѓани на Штип револтирани од одлуката на претседателот на Иванов за сеопшта аболиција бараат оставка од Ѓ.Иванов и одложување на изборите.

CgVlVxdUAAAKbjS


 

Стотици револтирани граѓани протестираа  и во центарот на Струмица (18:37)

Стотици револтирани граѓани се собраа пред Старата полициска станица во Струмица. Нивниот број секој момент се зголемува. Бараат повлекување на скандалозната одлука на иванов, негова оставка и одложување на изборите.

струмица


 

Скопје ,  илјадници граѓани се упатија кон Собранието (18:55)

Илјадиниците граѓани кои се собраа пред СЈО, се упатуваат кон Собранието. Извикуваат „Робија“, „Нема правда нема мир“, „Дојдете со нас“. Секој миг нивниот број е се поголем

13046057_996303570455399_1721539768_n 13059759_996303470455409_1661936680_n

CgVs9ccUIAAm1J2CgVs-3TXEAAFqFC


 Протестот се проширија и низ штипските улици (19:06)

Голема маса народ кој се собра пред Основниот суд во Штип се разлеа низ штипските улици:

stip 1


 

 Илјадници скопјани протестираат пред Собранието (19:21)

 


Неколку илјади граѓани  се дигнаа на протест и во Куманово (19:30)


 

Скопјани во меѓувреме повторно ја гаѓаа и пишуваа пораки на портата на Груевски :   „Ружна ви е портата“, „ова Кошта 208 Тамари“ – боја и јајца за триумфалната порта (19:39)
13012827_1205199366176998_8443759513567342399_n

 

Герила протестот продолжи на фонтаната  на плоштадот Македонија.  (19:49)

. Фонтаната на плоштадот  беше наполнета со прашак  и боја за да се дезинфецирала а и колку за пењерење на парите на власта заедно во пакет и на владата и град Скопје преку проектот Скопје 2014

13020050_911720248948230_21964952_n-1

13023255_10154149185847863_520286275_n


 И Битола  излезе масовно на протест (20:11)

Граѓаните револтирани од градоначалникот Влдимир Талески, првообвинет за криминал во последниот случај кој го отвори СЈО, но и од скандалозната одлука на Иванов протестираат и во и пред општината и пед куќата на градоначалникот на Битола:


 Додека специјалците се престорјуваа да ги пречекаат демонстрантите пред влада ,  Боја и јајца  летаа пред  Министерството за култура (20:17)

Масата демонстранти од  Партизанси одреди, првин ги разбудија гражани екои леѓоереа по кафаните и кафиќите во дебар маало а од тука се упатија  кон Министерството за култура. Го изгнасија со боја и јаца во знак на револтот од грабежот со изградбата на спомениците  на скопје 2014, испраните милиони на локалната и централна власт и партиските војници министри , градоначалници,  фирми  и бизнисмени на ВМРО ДПМНЕ.

13007123_1766341373584884_7493401577475056857_n

Пред владата  досега најбројна маса на демонстранти – илјадници скопјани пред Владата (20:47)

. Се пееше химната на Македонија:,Скандираа „Оставка“ „Нема правда нема мир“, „Апаши“…

 


„Никола на робија“ „Мафија “не запира едногласно пред Влада (21:03)

13046065_10154082379254804_844355704_n 13046202_10154082378454804_941189640_n 13014917_10154082377969804_1576580977_n

Во меѓувреме во Битола окупирана зградата на градоначалникот Талевски (21:15)

Демонстрантите ја окупираа зградата каде што живее градоначалникот на Битола Владимир Талевски и протестираат со извиците „Врати ги парите!“ и „Оставка“

Bt

Граѓаните што изминативе денови протестираа против аболицијата на претседателот Иванов и кои бараа оставка на градоначалникот вечерва прво се собраа пред Офицерскиот дом, а потоа тргнаа кон Нова Битола, во населбата каде што живее градоначалникот.13046202_10154082378454804_941189640_n

Протестот  во Скпоје заврши пред Владата на Република Македонија нешто пред полноќ . Немаше инцидентии судири со полицијата Во протестот учествуваа претставници на повеќе граѓански организации, граѓани, студенти, претставници на опозициски политички партии…Поддршка на протестот вчера  му дадоа и неколку нови граѓански здруженија меѓу кои и граѓанското движење Беса како и Националната демократска преродба на Албанците .

Организаторите на протестите синоќа истакнаа дека се против преговори, кои се најавени за петок во Виена, но оти и покрај тоа протестите нема да запрат.

За денеска се најавуваат и нови протести.

 

 

Слични содржини