(фото) И таа е добра! Во Германија пуштија банкнота со номинална вредност 0 евра

од desk3

Во Германија се испечатени банкноти со номинална вредност од нула евра. Дозвола за печатење на банкнотата дала Европската централна банка, и е колекционерска. Со неа не може да се купи ништо.  

Таа  е отпечатена на истата хартија, на која се печатени  и редовните евра.  Банкнотата  ги има сите заштитни знаци, вклучувајќи холограми и водени жигови.

Издадени  се само 5000 примероци. Цената на една ваква банкнота е 2,50 евра.

Слични содржини