Нејзината сестра, Ким Кардашијан, останува сокриена од очите на јавноста, повлекувајќи се од социјалните медиуми како последица од застрашувачкиот инцидент кога беше ограбена во Париз.
Но изгледа дека Кајли Џенер оди напред со полна пареа, позирајќи за “Puma”, на фотографија објавена од страна на брендот.
Позирајќи со напрчени темни усни – без сомнение со карминот од нејзината сопствена козметичка линија – Кајли е олицетворение на Ким, додека се потпира на огледалото.
Кајли на фотографијата е облечена во хеланки и спортски градник, а косата и е фатена во 2 долги плетенки.
Тоа што стана заштитно лице на брендот, се покажа профитабилно за Кајли, која го игнорираше нејзиниот зет Канје Вест, кога го потпиша договорот со “Puma” .
Раперот ја вклучи Кајли во својата модна ревија за неговата “Yeezy” линија на облека за “Adidas” и почувствува дека беше предавство кога таа се согласи да работи со “Puma” без да му каже.