(ФОТО) Ким Кардашијан без шминка и во тренерка за првпат во јавност по нападот

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан исплива на површината за првпат по трауматичниот грабеж кој го доживеа пред неколку недели во Париз.59387f121a5ed2860f578206577ee08f

Реалити ѕвездата се појави во понеделникот вечер со минимална количина шминка, пуштена коса, облечена во огромен блузон со качулка и по влечки.

Таа беше во друштво на својот пријател Џонатан Чебан и на еден телохранител, а тројцата беа излезениза да си купат сладоледи во продавница во Беверли Хилс.

Ова е првата прошетка на Ким на јавно место по предметниот напад во француската престолнина, за кој се тврди дека ѝ дејствувал како вистински шок.

По инцидентот сопругата на Кание Вест престана да биде активна и во социјалните медиуми.

Според медиумите несериозниот изглед на Ким јасно покажува дека таа има потреба од одмор, претежно од јавното внимание.

Слични содржини